Печати

Добредојдовте

 

Добредојдовте на официјалната страница на Ревизорското тело за ревизија на претпристапната помош на Европската Унија во Република Македонија.

Целта на оваа страница е запознавање на јавноста со податоци и информации за Ревизорското тело.

Правната рамка за ревизија на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и работењето на Ревизорското тело произлегува од Регулативата број 1085/2006 на Советот на Европската унија.  

Со Законот за ревизија на ИПА се формира Ревизорско тело како самостојно и независно правно лице, функционално независно од сите учесници во системите за управување и контрола со инструментот за претпристапна помош. Со законот, се уредуваат предметот на ревизија, организацијата и надлежностите на Ревизорското тело и начинот на вршење на ревизија на ИПА во Република Македонија при децентрализирано управување со и без ex-ante контрола од страна на Европската Kомисија. 

Целта на ревизиите кои ги врши Ревизорското тело е да добие разумно уверување и да даде мислење за ефективното и стабилното функционирање на системот за управување и контрола со ИПА, како и  за веродостојност на сметките и изјавите на трошоци за средствата користени од претпристапната помош на Европската Унија во Република Македонија. За унапредување на работењето даваме препораки и го следиме спроведувањето и усогласеноста на известувањата за спроведување на програмите на ИПА со прописите на Европската Унија.

Значи нашиот делокруг на работа е доста опширен и е од големо значење за целокупното спроведување на програмите на ИПА. Согласно со тоа, многу е важна нашата соработка со сите тела кои го сочинуваат системот за децентрализирано управување и контрола со ИПА, од националните до европските институции и крајните корисници на средства.

Се надеваме дека информациите кои ќе ги најдете на нашата страница ќе ви овозможат да се запознаете со нас и со нашите надлежности, со тоа што значи ИПА и кои се релевантните структури за имплементација на ИПА.