Потпишување на Меморандум

image

Потпишување на Меморандум

Главниот ревизор за ИПА на Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош на Република Северна Македонија, г-дин. Адем Цури, и Главниот ревизор на Националниот завод за ревизија на Република Косово, г-дин Бесник Османи потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции. Официјалната церемонија на потпишувањето беше организирана во просториите на Националниот завод за ревизија на Косово во Приштина на 25 мај 2021 година, во присуство на Амбасадорот на Северна Македонија во Косово, г-ѓа Шпреса Јусуфи, Заменикот претседател на Владата на Северна Македонија, г-дин. Фатмир Битиќи и Заменикот претседател на Владата и Министер за надворешни работи и дијаспора на Република Косово, г-ѓа Доника Гервала. Потпишувањето на Меморандумот за соработка има за цел натамошно јакнење на соработката помеѓу институциите во областа на ревизија на средствата од ИПА, со фокусирање на откривањето и спречувањето на нерегуларности и случаи на можна измама, што ќе води кон натамошно подобрување на ревизорскиот пристап и методологија и јакнење на административните капацитети на двете институции.