Градење на сметководствени и ревизорски синергии - Скопје 2021 година

image

Градење на сметководствени и ревизорски синергии - Скопје 2021 година

Овластениот институт за јавни финансии и сметководство, Лондон (CIPFA) и ЦЕФ, Љубљана (Center of Excellence in Finance) беа домаќини на првата заедничка конференција. Организиран како хибриден настан, тој служеше како платформа за размена на експертско знаење, искуство, најдобри практики и препораки до сметководителите и ревизорите во јавниот сектор, и на регионално и на глобално ниво. На истиот учествуваа Главниот ревизор за ИПА, г-дин Адем Цури, Советникот на главниот ревизор за ИПА, г-ѓа Наташа Мисовска и Помошникот на главниот ревизор, г-ѓа Весна Младеновска. Дводневен настан обедини сметководители и ревизори кои работат во министерствата за финансии и ресорните министерства и претставници на врховните ревизорски институции, менаџери за човечки ресурси, претставници на академските институции, овластени сметководители и ревизори на CIPFA и други јавни службеници чија работа се однесува на теми за дискусија. Конференцијата опфати четири главни теми за дискусија: управување со имотот на јавниот сектор, антикорупција, лидерство за реформи и посебно беше нагласено учењето и споделувањето на знаењето на сметководителите и ревизорите. Како што беше истакнато во поздравниот говор од г. Бесими, министер за финансии на Република Северна Македонија, „Сега е вистинско време да се засили интензитетот на активностите за финансиско управување и контрола во врска со буџетскиот циклус, во сите нејзини фази : планирање, програмирање, подготовка на финансиски план, извршување, сметководство и известување, и сето горенаведено е важно да се поддржи со силен и независен процес на ревизија што ќе обезбеди повратни информации за направените трошоци, како и за резултатите од спроведените програми , активности и проекти “. За дополнителни согледувања и впечатоци од конференцијата, посетете го CEF на Facebook, LinkedIn, Instagram and Twitter и побарајте #CEFCIPFAconf2021.